Пелистер одлично се држеше на гостувањето кај Струга Трим Лум во претходното коло, но одново финишот беше кобен за битолчани и домаќинот со два доцни гола извојува сигурна победа. Во последниот натпревар од деветтото коло, битолчани ја пречекуваат Шкендија од Тетово, која во текот на седмицата имаше настап од Конференциската лига, каде што загуби од Рајо Ваљекано со 2-0. Натпреварот ќе се игра на стадионот „Петар Милошевски“ со почеток во 18:00 ...

Екипата на Пелистер ќе добие нов тренер по репрезентативната пауза, затоа што се разделија актуелниот предводник Димитар Капинковски и раководството на клубот. Разделбата доаѓа по лошата серија на битолчани, кои немаат победа шест натпревари по ред во лигата. Последниот триумф на клубот е на крајот на август со Шкупи, а оттогаш Пелистер нанижа четири порази и едно реми, што го стави клубот во опасната зона. Така, двете страни нема повеќе да ...