Откриена дрога на подрачјето на општина Бутел

од Vladimir Zorba
40 прегледи

Полициски службеници од СВР Скопје, вчера на подрачјето на општина Бутел, по претходно обезбедени докази за недозволена трговија со наркотична дрога марихуана, презеле истражни дејствија и извршиле претреси на дом и други простории кај лицата И.Ј. (26), А.Ј. (21) и Д.Ѓ. (21), тројцата од Скопје.

Како што оопшти денеска МВР, при претресите се пронајдени и обезбедени недозволени предмети по член и во врска со чл. 215 од Кривичниот законик, при што истите се лишени од слобода и против нив од страна на ЕНТ СВР Скопје е поднесена кривична пријава по итна постапка до ОЈО Скопје.

Судија на претходна постапка на сите тројца пријавени им одредил мерка притвор од 30 дена.

Слични содржини