Извршена и втората исплата за поддршка на настраданите во Кочани преку Црвениот Крст

Од:

Заклучно со денешниот ден во апелот на Црвениот крст на РСМ за настраданите од пожарот во Кочани собрани се 112.595.482,00 денари. Досега Црвениот крст на РСМ изврши првична исплата на средства на семејствата на сите починати и повредени лица кои се лекуваат во странство и во земјата. Денес е извршена и втората исплата за поддршка на настраданите семејства од трагичната несреќа во Кочани. Од двата трансфери вкупно се исплатени 60.850.000,00 денари од досегашните донирани средства.

Во соработка со внатрешните професионални институции во државата, како и надлежните министерства и Владата, кои ги покриваат прашањата на проценките на видовите на штети во вакви ситуации, се работи на изнаоѓање на пристап кој ќе се примени во понатамошна дистрибуција на средствата кои се собираат во Црвениот крст, кој ќе значи реална поддршка во вистинско време за лекување и справување со последиците од катастрофата, за што благовремено ќе ве информираме.

Поради сè уште големиот интерес за донирање, апелот за собирање на средства продолжува и понатаму.

Црвениот крст заедно со нашите партнери продолжува со испораката на психосоцијална и друга поддршка на настраданото население.

Би можело да ве интересира

Тошковски кон родителите на загинатите во Кочани: Ве молам да седнеме да разговараме и да ја тргнеме политиката на страна

ДУИ: Само Бектеши останува во притвор, другите инволвирани се на слобода

Горан Наумовски

Апелационен суд во Штип: Седуммина обвинети за случајот „Пулс“ остануваат во притвор

Горан Наумовски

Тошковски на средба со родителите на загинатите во Кочани: Не сакам политика да правам од ова, не сметам дека овие деца го заслужуваат ова

Горан Наумовски

Обвинителството повикува сите кои имаат сведоштва и докази за „Пулс“ да се пријават

Пратениците на Левица и на СДСМ се сретнаа со родителите на настраданите во „Пулс“, ќе разговараат и со Тошковски

Катерина Ѓуровски