Берзи

Царините на Трамп збришаа во еден ден 208 милијарди долари на најбогатите

Извор: Dylan Sloan / Bloomberg

4 април 2025, 09:58

Падот на берзите предизвикан од царините на Трамп ги „осиромаши“ најбогатите 500

Марк Закерберг и Џеф Безос најпогодени од потонувањето на акциите

Дел од богатствата загубија и европските и азиските милијардери

Царините на Трамп збришаа во еден ден 208 милијарди долари на најбогатите

Bloomberg Mercury

Вкупното богатство на најбогатите 500 луѓе на планетава се намали за 208 милијарди долари во четвртокот, откако претседателот Доналд Трамп објави реципрочни царини за цел свет, а берзите отидоа во провалија.

Падот е четвртиот најголем еднодневен крах во 13-годишната историја на „Блумберговиот индекс на милијардери“ (Bloomberg Billionaires Index) и најголем од времето на врвот на пандемијата со Ковид-19.

Повеќе од половина од оние што ги следи Индексот на Блумберг забележаа пад на своите богатства, со просечен пад од 3,3%. Милијардерите во САД беа меѓу најтешко погодените, предводени од Марк Закерберг од „Мета“ (Meta Platforms Inc.) и Џеф Безос од „Амазон“ (Amazon.com Inc.)

Карлос Слим, најбогатиот човек во Мексико, беше меѓу малата група милијардери надвор од САД кои го избегнаа влијанието на тарифите. Мексиканската берза „Bolsa“ порасна за 0,5% откако земјата беше исклучена од листата на таргетирани држави за реципрочни тарифи на Белата куќа, зголемувајќи го нето богатството на Слим за околу 4% на 85,5 милијарди долари. Блискиот Исток беше единствениот регион каде оние од „Индексот на богатство на Блумберг“ остварија нето добивки за денот.

Еве некои од најголемите губитници на денот:

Марк Закерберг

Основачот на „Мета“ беше најголемиот губитник во доларска вредност, при што падот од 9% на компанијата за социјални медиуми го чинеше извршниот директор 17,9 милијарди долари, или околу 9% од неговото богатство. „Мета“ беше истакнат победник во индексот на „Седумте величествени“ технолошки акции од Нова Година до средината на февруари, постигнувајќи речиси еден месец последователни добивки и додавајќи повеќе од 350 милијарди долари на пазарната вредност. Од средината на февруари, сепак, акциите паднаа за околу 28%.

Џеф Безос

Акциите на „Амазон“ паднаа за 9% во четвртокот, што е нивниот најголем пад во еден ден од април 2022 година, чинејќи го основачот на технолошкиот гигант 15,9 милијарди долари од личното богатство. Акциите на компанијата се намалени за повеќе од 25% од нивниот врв во февруари.

Илон Маск

 



Извршниот директор на „Тесла“ (Tesla Inc.) загуби 110 милијарди долари досега оваа година — вклучително и 11 милијарди долари во четвртокот — поради лошите продажби, но и неговата контроверзна улога како „цар за ефикасност“ на Трамп, што ги погодија акциите на производителот на електрични возила. Претходно оваа недела, работите изгледаа ветувачки: Бидејќи „Тесла“ произведува многу од своите автомобили во САД, царините може да имаат помало влијание врз компанијата отколку врз нејзините странски конкуренти. Акциите исто така пораснаа поради извештаите дека Маск наскоро ќе се повлече од својата работа во владата за потенцијално повторно да се фокусира на „Тесла“. Сепак, акциите паднаа за 5,5% во четвртокот по објавувањето на царините.

Ернест Гарсија III

Богатството на извршниот директор на „Карвана“ (Carvana Co.) падна за 1,4 милијарди долари откако акциите на продавачот на користени возила загубија 20%. Акциите на компанијата скокнаа за повеќе од 425% во 12-те месеци до 14 февруари, но оттогаш паднаа за 36%.

Тоби Лутке

Ко-основачот и извршен директор на канадската компанија за е-трговија „Шопифај“ (Shopify) загуби 1,5 милијарди долари, или 17% од своето богатство. Акциите на „Шопифај“, која генерира голем дел од своите приходи од продажба на увезени производи, паднаа за 20% во Торонто, додека композитниот индекс S&P/TSX претрпе најлош ден од март 2020 година.

Бернар Арно

 

Европската Унија се подготвува за новата царина од 20% на сите производи наменети за САД, што се очекува да ги погоди извозот на алкохол и луксузни стоки, меѓу другото. „ЛВМХ“ (LVMH) на Арно, конгломерат кој поседува брендови како „Кристијан Диор“ (Christian Dior), „Булгари“ (Bulgari) и „Лоро Пиана“ (Loro Piana), забележа пад на своите акции во Париз, бришејќи 6 милијарди долари од нето богатството на најбогатиот човек во Европа.

Жанг Цонгјуан

Основачот на кинескиот производител на обувки „Хуали“ (Huali Industrial Group Co.) загуби 1,2 милијарди долари, или 13% од своето богатство, бидејќи дополнителната тарифа од 34% на Трамп врз Кина предизвика пад на акциите на компанијата. Производителите на обувки со седиште во САД и Европа исто така го почувствуваа ударот: „Најки“ (Nike Inc.), „Лулулемон“ (Lululemon Athletica Inc.)и „Адидас“  (Adidas AG), сите со значителни производствени капацитети во Југоисточна Азија, забележаа двоцифрен пад.

Сите новости од рубриката Пазари

Пазари

Брокерските куќи свртеле промет од над 500 милиони евра: Кој е кој на пазарот?
Берзи

Брокерските куќи свртеле промет од над 500 милиони евра: Кој е кој на пазарот?

Во Македонија функционираат 11 правни лица што работат со хартии од вредност, од кои пет се брокерски куќи, а преостанатите шест се банки што имаат посебни оддели за работа со хартии од вредност.

пред 14 часа

Автор: Владимир Николоски

сите новости од рубриката Пазари

Регистрирајте се за да продолжите со читање. Регистрирајте се

Продолжете со читање со одбирање на една од опциите подолу

БЕСПЛАТЕН НАЛОГ

Прочитајте го овој и уште четири други текстови (не се однесува на премиум текстови)

Бесплатен билтен

Регистрирај се

Претплата

Неограничен пристап до премиум содржина на сите 5 портали

Неограничен пристап до ТВ и видео содржина

Ексклузивни приказни и анализи од Businessweek Adria

Истражете ги понудите

Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористивте еден бесплатен текст.

Го цениме вашиот интерес за веродостојни информации. Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Добијте неограничен пристап денес

Продолжете

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Истражете ги понудите

Вашите конкуренти веќе го знаат ова. Дали ќе останете тивки?

Приклучете се сега за само 11 € месечно!

Истражете ги понудите