еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Четворица повредени во пожарот во Кочани денеска се враќаат од странство

Министерството за здравство информира дека денеска се враќаат четворица од повредените лица во пожарот во Кочани кои се лекуваа во медицински центри во Хрватска (двајца), Шведска (еден) и Италија (еден).

Во странство се хоспитализирани 60 пациенти. Непроменета останува состојбата на пациентите кои се третираат во странство, вклучително и состојбата на критичните пациенти.

Во болниците во земјава во моментот се лекуваат седум повредени, од кои четворица во Хируршката клиника „Св.Наум Охридски“, двајца во приватната болница Систина и еден на Клиниката за пулмологија.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тројца научници кои открија нови сознанија за кислородот добитници на Нобеловата награда за медицина

Редакција

(Фото) Заев на Струмички карневал без маска

Редакција

Нови 266 случаи на Ковид-19 од 4.572 тестирања

Редакција