САД уште еднаш ги одложи санкциите кон српската НИС

Објавено во: Економија 30 Март, 2025 12:04
Нафтената индустрија на Србија (НИС) денеска објави дека Министерството за финансии на САД издаде нова, специјална лиценца со која се одложува стапувањето во сила на целосните санкции на 2 април против компанијата.
Во изјавата компанијата упатува благодарност кон Владата на Србија и на другите домашни и странски институции кои го поддржаа ваквото барање до Министерството за финансии на САД.
НИС соопшти дека ги почитува законите на Србија и другите земји на чии пазари работи и дека нејзиното работење не придонело за воведување санкции, кои, како што наведува, ја загрозуваат работата на компанијата и социјалната стабилност на повеќе од 13.000 вработени.
Министерството за финансии на САД на 10 јануари презеде обемни мерки за исполнување на обврските на Г7 за намалување на руските енергетски приходи, што вклучуваше блокирање на два големи руски производители на нафта - Гаспромњефт и Сургутнефтегас.
Газпромњефт е мнозински сопственик на НИС.
Можеби ќе ве интересира
ДОМАТИТЕ И КРАСТАВИЦИТЕ НОСАТ ДОБАР ЌАР, 2025 ИМ ТРГНА ОДЛИЧНО НА „ОРАНЖЕРИИ ХАМЗАЛИ“ - но, прашањето е како ќе заврши годината

ГЕРМАНСКА БАНКА ИЗДАДЕ ОПАСНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Се заканува финансиска катаклизма каква што досега не сме почувствувале?

„НАМАЛУВАЊЕТО Е НАД 1.000 ДЕНАРИ, МОЖЕБИ И НАД 1.500“: Ристески објави дека се финализира просечна потрошувачка кошничка

ТРАМП ГИ ПАУЗИРАШЕ ЦАРИНИТЕ НА 90 ДЕНА - но Кина е исклучена, кон нив се зголемија на 125 отсто

ОДМАЗДАТА НА БРИСЕЛ: ЕУ му возвраќа на Трамп со марамчиња, машнички и женски неглижеа од Кентаки - еве кои производи се на листата

ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ РИПНАЛЕ ЗА СКОРО 20 ПРОЦЕНТИ ЗА ЕДНА ГОДИНА - продолжува поскапувањето на имотите

ТАРИФНАТА ВОЈНА СЕ ВЖЕШТУВА: Европските земји ги увоија контрамерките - ЕУ удира врз Америка

Како до повеќе инвестиции во зелена енергија – Министерката Божиновска за амбициозните планови на Македонија на ЕСГ Адриа самитот во Тиват

Некогаш беше „златна кокошка“ на Скопје, сега има рекордна загуба од 4,2 милиони евра
