• Иван Димовски

Ширум земјава се одиграа натпреварите од 25. коло на Првата македонска фудбалска лига. Со исклучок на мечот меѓу Пелистер и Вардар кој се играше в саботата, сите останати пет средби беа во понеделнички термин.
Единствено на Арената „Тодор Проески“ на дуелот меѓу Работнички и Беса запре фудбалот во 59. минута. Поточно, една минута подоцна кога на семафорот изминуваше еден час игра фудбалерите на Работнички ја исфрлија топката во аут, па сите оддадоа почит со аплауз кон жртвите за трагедијата во Кочани.
Претходно вакво нешто се случи само уште на „вечното дерби“ во Битола во саботата.
Инаку, пред сите шест меча од оваа рунда во ПМФЛ беше одржана минута молк.