• Мартин Танасковски

Беса 1976 и Гостивар играат во рамки на Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), а мечот се игра во неверојатни услови.
И додека на сите останати мечеви времето е добро, во Гостивар има - невреме! Двата тима играат на неверојатен дожд и снег, услови кои ја изненадија Македонија во месец април.
Останува да видиме како условите за игра ќе се развиваат и дали овој дуел ќе го дочека крајот, затоа што како мечот одминува, така времето се влошува.