Економија

МАКРОН ПОВИКА НА ВОЗДРЖАНОСТ НА ФРАНЦУСКИТЕ ИНДУСТРИЈАЛЦИ ДА ВЛОЖУВААТ ВО САД

03.04.2025

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека тарифите што ги објави американскиот претседател Доналд Трамп се „брутални и неосновани“ и претставуваат шок за меѓународната трговија.

- Eвропа мора да одговори на овие мерки поединечно во секој индустриски сектор, изјави Макрон, на состанокот со претставниците на француската индустрија.

Одговорот на реципрочните тарифи ќе биде „помасовен“ од одмаздничките мерки против американските царини за челик и алуминиум, додаде Макрон.

Претседателот Емануел Макрон денеска ги повика француските компании кои работат во Соединетите Американски Држави да ги прекинат сите инвестициски проекти во таа земја додека не се разјасни најавата на Доналд Трамп за масовно зголемување на царините за увозот од Европската Унија.

- Она што е важно е идните или најавените инвестициски проекти во последните неколку недели да бидат привремено суспендирани додека не ги разјасниме работите со Соединетите Американски Држави, рече францускиот претседател за време на состанокот со претставниците на француските индустриски сектори кои се најпогодени од најавените американски царини, пренесува Еуроњуз.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО