Легендарниот играч на Баерн Минхен и на германската репрезентација Томас Милер, би можел да се пресели во МЛС и таму да ја заврши својата кариера. Германскиот офанзивен играч после 25 години ќе го напушти Баерн на крајот на сезоната.
Негова следна дестинација би можела да биде Синсинати од МЛС Лигата. Според „Дејли Мејл“, американскиот тим води во рката за потписопт на искусниот германски фудбалер.
Инаку голем број на други клубови од МЛС Лигата покажуваат интерес за Милер, меѓу кои и Лос Анџелес, кој има партнерство со Баерн, како и и Сан Диего и Далас. Може да добие понуди и од Саудиска Арабија и Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА