Подготовки за Галичка свадба 2025 година

МЗ Галичник/фејсбук Со радост и чест објавуваме дека почнуваме со подготовките за Галичка свадба 2025!, информираа од МЗ Галичник на нивниот фејсбук профил. Оваа година, Галичката свадба ќе се одржи традиционално на празничниот викенд за Петровден од 11 до 13 јули во Галичник. Повторно ќе ги отвориме ковчезите за чеиз, ќе се облечеме во свечени алишта и ќе го украсиме барјакот, прославувајќи ја радоста на младенците кои ќе ја крунисаат својата љубов со венчавка во Галичник. Како и секоја година, ќе следиме традиции, сочувувајќи ги нашите вековни обичаи и создавајќи уште една незаборавна Галичка свадба со поворки, песни и ора. Ги покануваме сите заинтересирани парови кои посакуваат својата љубов да ја крунисаат на Петровден и да дадат завет пред Бога, да се пријават најдоцна до 20.04.2025 година. Испратете ни е-пошта на mzgalicnik@gmail.com со наслов „За избор на зет и невеста“ и опишете зошто токму вие сте вистинскиот пар. Предност ќе имаат оние кои: Имаат потекло од Галичник (или двајцата или еден од нив) Биле дел од Галичката свадба во друга улога Се активни членови на месната заедница Ќе склучат свој прв црковен брак Одлуката ќе биде објавена најдоцна до 31.05.2025 година на официјалната веб-страница и Facebook профилот на МЗ Галичник. Чекаме на вас со нетрпение – аирлија нека ни е!
The post Подготовки за Галичка свадба 2025 година appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: