Најавени тимови за ЛШ: Крпени одбрани кај сите четвртфиналисти

Сите тренери кои вечерва ќе излезат на мегдан во четвртфиналето од Лигата на шампионите се соочуваат со сериозни проблеми. Така, Арсенал ќе се мачи со одбраната против Реал Мадрид, ако се знае дека најдобриот дефанзивец Габриел се повреди, веќе извесно време „во аут“ е и Калафиори, па Кивиор ќе ја има одговорната задача да се обиде да го неутрализира Мбапе, додека младиот Луис Скели ќе има за задача да го неутрализира Родриго, кој вообичаено напаѓа по десната страна во тимот на Реал Мадрид.

Крпена одбрана има и Реал, па Анчелоти ќе мора да го префрли Алаба на позицијата лев бек каде Австриецот своевремено со успех настапуваше, но прашање е колку е подготовен физички за такво нешто по серијата тешки повреди. Валверде би требало да добие предност на десен бек пред Васкез, што ќе значи и нешто поповлечена улога во средниот ред за Белингем.

Баерн Минхен со третиот голман Урбиг на голот ќе се обиде да стигне до позитивен резултат против Интер. Баварците се сериозно десеткувани поради неклкуте повреди во одбраната, згора на тоа отпаднаа и Мусиала и Коман, па ретка шанса да стартува меч би требало да добие Томас Милер, кој пред само неколку дена го официјализираше заминувањето од „Алијанц Арена“ на крајот од оваа сезона.

Крпена ќе биде и одбраната на Интер, ако се знае дека стандардниот десен бек Дамфрис воопшто не отпатува зa Минхен, додека левиот бек Димарко ќе стартува од клупата за резерви. Згора на тоа, најдобриот дефанзивец Бастони се повреди на последниот меч со Парма, па неговиот настап на вечерашниот дуел исто така е крајно неизвесен.

АРСЕНАЛ – РЕАЛ МАДРИД

АРСЕНАЛ: Раја, Тимбер, Салиба, Кивиор, Луис-Скели, Парти, Рајс, Едегард, Сака, Мартинели, Мерино.

Отсутни: Калафиори, Габриел, Хаверц, Жезус, Стерлинг, Томијасу.

РЕАЛ МАДРИД: Куртоа, Валверде, Асенсио, Ридигер, Алаба, Камавинга, Модриќ, Белингем, Винисиус, Родриго, Мбапе.

Отсутни: Карвахал, Милитао, Лунин, Менди, Себалјос, Чуамени.

БАЕРН МИНХЕН – ИНТЕР

БАЕРН: Урбиг, Лаимер, Дајер, Ким, Станишиќ, Кимих, Горецка, Олис, Милер, Сане, Кејн.

Отсјутни: Коман, Дејвис, Ито, Мусиала, Нојер, Упамекано. Неизвесно: Гереиро, Павловиќ.

ИНТЕР: Зомер, Павар, Ачерби, Бастони, Дармијан, Барела, Мхитаријан, Чалханоглу, Аугусто, Мартинез, Турам.

Отсутни: Аслани, Дамфрис, Тареми, Зиелински. Неизвесни: Димарко, Бастони.

Се вчитува...