Владата промовира нови, а два постоечки тур оператори ги укинаа авиолиниите до охридскиот аеродром
И додека се промовираат нови авионски линии, неколку стари туроператори ги откажаа соработките. "Реинбоу "од Полска и "Корендон" од Холандија ги укинаа чартер линиите до охридскиот аеродром.
Причината кај тур операторот "Корендон" кој во сезона оперираше три пати неделно на линијата Амстердам-Охрид е поради внатрешна реорганизација на компанијата додека кај еден од најголемите полски тур оператори „Реинбоу“ кој носеше огромен број гости од Варшава откажувањето е поради тоа што повеќето хотели ги зголемиле цените на алл-инклузив услугата или целосно ја укинале.
Од Хотелската асоцијација на Македонија сметаат дека цените се оправдано зголемени, поради драстичното поскапување на трошоците. Домашните туристички водичи пак споделуваат цените на ноќевањата и генерално се во паралела со инфлацијата, според нив се уште сме најефтини во регионот.
„Цените сметам дека не се повисоки од лани цените се пристапни за сите - Љупчо Јузмески туристички водич.
Црногорските водичи споделуваат дека пакет аранжманите за Македонија се најефтини.Охрид е многу поефтин од Будва и Котор.
„Ние доаѓаме и во сезона и надвор од сезона.Понудата дводневен аранжман со појадок и водич за овој период е 80 евра што е многу поволна цена за разлика од други дестинации. Охрид е секогаш актуелен за црногорците."- Дејана Булатовиќ,сопственик на туристичка агенција од Црна Гора.
Холанѓаните и Англичаните ќе доаѓаат со туроператорот „Туи“, а деновиве ќе се знае дали до Охрид ќе оперора и вториот полски туроператорот „Регобис“.До охридскиот аеродром сега има четири редовни авиолинии, до Истанбул, Цирих, Меминген и Виена. Наскоро повторно ќе стартува и линијата до Базел.