Спорт
(Видео) Трипл-дабл на Јокиќ со 61 поен, Денвер по две продолженија загуби од Минесота

Кошаркарите на Денвер Нагетс по две продолженија загубија од Минесота Тимбервулфс. Минесота триумфираше со резултат 140:139, а мечот го одбележа рекордниот учинок на српскиот репрезентативец Никола Јокиќ.
Јокиќ за 52 минути и 38 секунди на паркетот постигна 61 поен (18/29 од поле, 6/11 од три), заедно со 11 скока и 10 асистенции. Трет трипл-дабл со најмалку 60 поени во историјата на НБА.
Тоа е, исто така, најголем број на поени во трипл-дабл учинок во историјата на лигата, а пред него Лука Дончиќ имаше 60 поени, 21 скок и 10 асистенции против Њујорк во 2022 година, а Џејмс Харден имаше 60 поени, 11 асистенции и 10 скока против Орландо во 2018 година.
Арон Гпрдпн забележа 30 поени, осум скока и пет асистенции, Кристијан Браун постигна 18 поени со 12 скока. Денвер на овој натпревар беше без повредените Џамал Мареј, Мајкл Портер Јуниор, Џулијан Стротер и Дерон Холмс.
Нагетс одлично го отворија натпреварот поведоа со 21:5, но Минесота успеа да се врати на во средината на регуларниот дел од играта.
Избраниците на Мајк Мелоун направија голема серија со која остварија пресврт и значајна предност на почетокот на четвртата четвртина, а на крајот од таа четвртина го изборија продолженија со поените на Никола Јокиќ.
Поранешниот кошаркар Мега со кош на осум секунди пред крајот ги спречи Нагетс да загубат во првото продолжение, но Минесота победи дополнителните пет минути.
Трагичар на Нагетс беше Расел Вестбрук, кој промаши положување при резултат 139:138, а потоа направи фаул над Александер-Вокер, кој од линијата за слобидни им ја донесе победата на Волците од Миенаполис.
Најзаслужен за триумфот на Тимбервулфс беше чуварот Ентони Едвардс. Олимпискиот шампион го заврши мечот со 34 поени, 10 скока, осум асистенции.
Се истакнаа и Џулиус Рендл со 26 поени, девет скока и седум асистенции, Александар-Вокер со 26 поени, седум скока и осум асистенции и францускиот центар Руди Гобер со 19 поени и 12 асистенции.
Нагетс имаат скор 47-26 и се на третото место на Западот, додека Минесота е 44-32 и седма на конференцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Валенсија ја продолжи серијата без пораз, Севилја падна на „Местаља“

Валенсија продолжи со спектакуларното бегство од опасната зона на табелата во Ла Лига. По поразот од Атлетико Мадрид, Валенсија во следните шест кола, од 2 март досега, освоија 14 бода (четири победи, две нерешени).
Вечерва, во првиот натпревар од 31.коло, Валенсија ја победи Севилја со 1:0 и ја „скокна“ на табелата.
ВАР беше против Севилја, судијата Хозе Санчез досуди пенал, но по сугестијата од ВАР собата ја прегледа снимката и ја поништи својата одлука.
Во третата минута од судиското надополнување, Валенсија успеа да постигне гол преку 20-годишниот Хави Гера.
Во вториот дел имаше прилики на двете страни, но не и вистински реализатор.
Навивачите на Валенсија можат да здивнат, „лилјаците“ се на девет бода од зоната за испаѓање.
Валенсија сега се наоѓа на 11.место со 37 бодови, Севилја по третиот пораз во низа е на 12.позиција со бод помалку.
Спорт
Хапоел Тел Авив го освои Еврокупот

Кошаркарите на Хапоел Тел Авив се шампиони во Еврокупот за сезоната 2024-2525, откако го дбија и вториот натпревар од финалната серија против Гран Канарија. Избраниците на Димитрис Итудис славеа како гости со резултат 103:94.
Хапоел, екипа која од клупата ја предводи Димитрис Итудис го освои првиот трофеј во континенталните натпреварувања. Низ историјата Хапоел пет пати беше шампион на Израел, а уште четири пати го освои националниот куп.
Антонио Блејкни го предводеше Хапоел со 27 поени, 6 скока, 4 асистенции, центарот Џонатан Мотли придонесе за големата победа со 26 поени, 3 скока, 2 асистенции, додека Јам Мадар, запиша 16 поени и 6 асистенции.
Во поразениот тим, центарот Џорџ Кондит имаше 18 поени и 4 скока. Џо Томасон имаше 14 поени, 2 скока, 4 асистенции и украдена топка, а Нико Брусино мечот го заврши со 11 поени, 7 скока и по 3 скока и асистенции.
Хапоел со троимфот во Еврокупот обезбеди место во Евролигата наредната сезона.
Спорт
Сè за плеј-инот и плеј-офот на Евролигата

Со два драматични натпревари заврши регуларниот дел од сезоната во Евролигата. Актуелниот шампион Панатинаикос по едно продолжене ја победи Црвена звезда со 111:104, во регуларниот дел беше 96:96, а Барселона го совлада Виртус со 90:87.
Сезоната 2024/25 е втора по ред во која десет екипи се натпреваруваат за пласман во четвртфиналето, од кои првите шест одат директно меѓу најдобрите осум, а седмиот и осмиот се одредуваат со плеј-ин турнир со четири екипи.
Плеј-ин:
(7) Реал Мадрид – (8) Париз
(9) Баерн Минхен – (10) Црвена звезда
Четвртфинални двојки:
(1) Олимпијакос – Б победник во плеј-офот (поразен Реал – Париз или победник Баерн – Црвена звезда)
(2) Фенербахче – победник од натпреварот Реал – Париз
(3) Панатинаикос – (6) Анадолу Ефес
(4) Монако – (5) Барселона
Шлеј-ин:
15 април / прво коло (Реал-Париз, Баерн-Црвена звезда)
18 април / второ коло (поразен од првиот натпревар и победник од вториот натпревар)
плеј-оф
Првите натпревари од четвртфиналето на плејофот ќе се играат на 22 април, а сериите ќе завршат до 7 мај. Четвртфиналните пресметки се играат до три победи.
Фајнл-фор:
23 мај / полуфинални натпревари
25 мај / трето место и финале