Задолжително превривање: Заматена водата во Кавадарци!

Поради обилните дождови, водата за пиење во Кавадарци е заматена.

Од ЈП Комуналец преку Фејсбук информираат дека водата мора да се преврива пред пиење.  

„Известуваме дека поради временските услови и  обилните врнежи на дожд, големата количина на вода која се слева во изворите Лукар предизвика заматување на водата во истите. Затоа е препорачливо водата, доколку се користи за пиење, задолжително да се преврива. Се надеваме дека во брзо време ќе се стабилизираат временските услови и ќе дојде до избистрување на водата“, велат од таму.

Пронајдете не на следниве мрежи: