Со дизајнерските идеи сме блиску до Њујорк или Лондон, со убави жени и парираме на Москва, а со однесувањето и манирите уште сме на Балканот. Дојди на Моден викенд Скопје и ќе дознаеш од прва рака што е шик, што е шок, што е селфи, што е ин, а што аут. Во ова време на трендови што траат неколку минути, Моден викенд Скопје и со есенското 31. издание, продолжува да гради модни приказни и атмосфера што ќе траат со години. Како единствена светлост ...
Под слоганот „Одржлива мода и креативна традиција – развој на иновативни практики во македонската модна сцена“, четвртиот ден од Fashion Weekend Skopje 31 powered by UniBank и поддржан од Министерството за култура и туризам како проект од национален интерес, го претвори просторот на Diamond of Skopje, Carat Office во јадро на современата македонска модна сцена, преку прецизно куриран простор каде идеите за одржливост, културна меморија и ...
Во повеќе од една деценија, Моден викенд Скопје стана повеќе од календарски настан. Тој е жива лабораторија на идеите, место каде младите дизајнери се ослободуваат од прекроените граници на пазарот и низ креативен бунт го дефинираат утрешниот моден идентитет. Секоја сезона на FWSK не се мери во трендови, туку во поместувања на сознанието – кон поодржлива, поинклузивна, помисловна мода што ја рефлектира македонската чувствителност и светската ...

