„Борусија ќе ја елиминира Барселона“

Борусија Дортмунд и Барселона ќе си ги одмерат силите во четвртфиналето од Лигата на Шампионите. Со оглед на формата, каталонците важат за апсолутен фаворит во оваа пресметка, но тоа мислење не го негува Дитмар Хаман, поранешниот германски репрезентативец.

Хаман смета дека напаѓачката тактика на Барселона ќе и донесе големи проблеми во одбраната, проблеми кои германскиот тим ќе ги искорсти за пласман во полуфиналето.

„Борусија добро се подготви, ќе ја елиминира Барселона и ќе помине понатаму“, вели Хаман кој смета дека Барселона е добар напаѓачки тим, но тактиката ги прави ранливи во одбраната.

„Не знам дали долго ќе им функционира тоа. Нормално, Барселона постигнува многу голови бидејќи има фантастични напаѓачи, но Дортмунд знае што е потребно“

Се вчитува...