Во месец октомври минатата 2024 година младата македонска пејачка Марија Спасовска замина на студии во Грција. Своето академско школување го започна на еден престижен универзитет во Солун, каде Марија ќе студира нешто што е сосема поразлично од музика.
Имено, таа се запиша на „University of York“, чиј европски кампус е сместен во „City college“ во Солун, а младата пејачка студира на одделот за Бизнис, администрација и менаџмент“.
Пеењето не го заборави, ниу пак го остави, само малку го стави во втор план… На стен бај, зашто академските обврски се захтевни, особено кога не студираш дома и на мајчиниот јазик!
Но, младата Македонка на крајот на првиот семестар покажа дека не е само добра и надежна пејачка. Зашто Марија Спасовска не само што е мултиталентирана, туку е и вредна и посветена студентка и целосно предадена на знаењата што ги стекнува на патот кон нејзината идна диплома во економијата!
Дека е тоа така, говорат резултатите кои се за повеќе од гордеење. И на неа самата и на фамилијата и на цела Македонија. Зашто младата Македонка гордо ја предводи листата на најдобри бруцоши во првот семестар на колеџот во Солун.
Марија Спасовска на чело на најдоброоценетите студенти од прва година во есенскиот семестар! Како „прва виолина“ во интернационалниот универзитетски оркестар! Резултат за респект, признание за почит и поклонение…
Признанието јавно доделено, ама и јавно споделено…
Најрадосни покрај вредната и умна добитничка, тато и мамичка!
Фото: Инстаграм/marija.spasovska