Достапни линкови

 
Избори на Гренланд: Да станеш Американец, да останеш Данец или да бидеш независен?

Избори на Гренланд: Да станеш Американец, да останеш Данец или да бидеш независен?


Гренланд
Гренланд

Претстојните избори на Гренланд на 11 март привлекуваат невиден интерес по изјавите на американскиот претседател, Доналд Трамп за стекнување на територијата богата со ресурси.

Нормално и очекувано е изборите за 31 член на парламентот на Гренланд да добијат мало внимание во јавноста.

Најголемиот остров во светот, со население од само 60000 жители, ретко се појавува во вестите. Сѐ до јануари 2025, кога староновиот претседател на САД, Доналд Трамп искажа интерес за да ја заземе контролата на територијата богата со природни ресурси.

Ова беше чекор кој ја шокираше Европа, особено Данска која е сојузник на НАТО и на која всушност ѝ припаѓа Гренланд. (Додека Копенхаген ја надгледува надворешната и монетарната политика, државјаните на Грендланд ги контролираат повеќето домашни прашања.)

Ова значи дека по изјавите на Трамп, целото внимание ќе биде свртено кон изборите закажани за 11 март од страна на премиерот на Гренланд, Муте Егеде. И додека редовните домашни прашања се дел од изборната кампања, главното прашање е јасно: да станете Американци, да останете Данци или да се стремите кон независност?

Како желбата за независност на жителите на Гренланд ќе се совпадне со економската реалност?

Да биде појасно, повеќето Грендланци не сакаат да станат Американци и ниту една од петте партии во парламентот не се залага за тоа.

Заедно со данската премиерка Мете Фредериксен, Егеде јасно ставил до знаење дека Гренланд - кој е автономна територија во Кралството Данска - не е за продажба и дека само жителите на Геренланд можат да одлучат за неговата иднина. Интересно е дека парламентот неодамна усвои закон за забрана на анонимни и странски донации во изборната кампања.

Но што ако се појави понуда која тие нема да можат да ја одбијат?

Соединетите Американски Држави прво покажаа интерес за островот во 19-от век и територијата тогаш всушност беше поблиску до Северна Америка отколку до Европскиот континент.

Безбедноста на Гренланд е веќе гарантирана со американската воздухопловна база на север.

И Арктикот сигурно не е надвор од границите за големите сили. И Кина и Русија се активни во регионот, не само поради профитабилните ретки земјени материјали, туку и поради повисоките температури кои го топат морскиот мраз и отвораат профитабилни трговски патишта.

Дури и ако островот не стане американски во скоро време, би можело да има некаков вид на слободна трговија или договор за асоцијација со Вашингтон во иднина.

Потоа повторно, жителите на Гренланд можат да станат конзервативци. Каде што другите гледаат профитабилни бизнис можности, многу од нив гледаат татковина која треба да се зачува.

Во моментов постојат само два рудника во Гренланд, а на последните избори, во 2021 година, доминираа популарната одлука за ограничување на ископување на нафта и гас и забрана на ископувањето на ураниум.

Така дојде до тоа и Данска да се вклопи во сликата. Три од петте политички партии сакаат независност од Данска, вклучувајќи ја и лево ориентираната партија „Заедница на народот“ на премиерот Егеде, која победи пред четири години и најверојатно ќе биде на врвот повторно.

Истото важи и за сегашниот коалициски партнер на владејачката партија, социјалдемократската партија Напред, која има за цел да заврши на второто место. Либерално-демократската партија, која претпочита да остане во унија со Данска, исто така добро напредува во неодамнешните анкети и може да го комплицира градењето на коалицијата и насоката во која Гренланд ќе ја преземе.

Додека повеќето жители на Гренланд се изјаснуваат за независност, тие исто така сакаат да го задржат нивниот животен стандард. Поради тоа, територијата во голем дел е зависна од Данска.

Лојален на данската круна од 1814 година, 50% од извозот на Гренланд оди во Данска, а 60% од увозот е од Данска. Половина од населението работи во јавниот сектор, кој Копенхаген во голема мера го финансира преку грантови. За да ја зголеми безбедноста околу островот, данската влада минатиот месец вети 2 милијарди евра за подобрување на одбраната на Арктикот.

Постои комисија во Гренланд која работи на тоа како би изгледал можен „развод“ од Данска, но во суштина за тоа ќе бидат потребни три чекори.

Прво, ќе мора да се постигне договор со Копенхаген за тоа како би изгледала поделбата; второ, би требало да има позитивен резултат на референдумот за независност на Гренланд; и конечно, данскиот парламент ќе треба да даде зелено светло за целиот потфат.

Про-независните партии сакаат референдумот да се одржи некаде во текот на наредниот четиригодишен мандат, но со оглед на неизвесностите околу територијата, нема изгледи дека тоа ќе се случи во 2025 година.

XS
SM
MD
LG