Финансии

Колку вреди златниот денар?

Автор: Наташа Хаџиспиркоска Стефанова

4 април 2025, 06:00

Состојбата со златници во НБРМ е иста, вредноста е над 23.000 евра поголема

Меѓу првите златници што ги издала државата е златниот денар од 1996 година

Интересот за купување е голем, велат од НБРМ

Колку вреди златниот денар?

нбрм

Наташа Хаџиспиркоска Стефанова

Златото остана најбезбедното засолниште за инвеститорите по објавувањето на долгонајавуваните царини на Трамп. Трката по нов дневен рекорд продолжува, што има позитивно влијание на салдото на златните резерви на централните банки. Златните резерви на Народната банка на Македонија од 2019 година до февруари годинава се зголемија повеќе од двапати, односно од 256 милиони евра на 605 милиони евра.

На рекордната цена на металот се радуваат и оние што купиле и добиле златници порано. Еден од начините да се дојде до златник е да се купи од НБРМ. Таа ги продава и пригодните пари за кои одлучува Владата и сопствените ковани пари за колекционерски цели. Во согласност со регулативата, Владата носи одлука за издавање пари од благородни метали по повод јубилеи.

Меѓу првите златници што ги издала државата е „златниот денар“ од 1996 година, првата пригодна пара од осамостојувањето. Имало 1.100 примероци, од злато од 22 карата, со пречник од 28,4 милиметри и тежина од 16 грама.

Цената на овие 16 грама варира затоа што Народната банка, во согласност со одлуката за утврдување на начинот на пресметка на продажната цена на пригодни ковани пари, ја следи цената на Лондонската берза и ја менува секој петок, а таа претставува збир од: вредноста на златото односно вредноста на среброто изразена во денари, фиксни трошоци за изработка и ДДВ.

Состојбата со златници е иста, вредноста над 23.000 евра поголема

На 31 декември лани НБРМ располагала вкупно со 173 златници и 19 сребреници. Во однос на претходната 2023 година немало промени кај златниците, а биле продадени пет сребреници. 

 

 

Според извештајот на независниот ревизор за финансиското работење на НБРМ во текот на 2024 година, на 31 декември 2024 година состојбата на кованите пари од благородни метали изнесува 7.594 илјади денари (123.500 евра), а во 2023 година - 6.082 илјади денари (99.000 евра).

Голем интерес и за колекционерските пари

НБРМ по закон може да продава и пари за колекционерски цели, а досега на домашниот пазар се продадени вкупно 2.589 парчиња, со вредност од 9,6 милиони денари (156.000 евра).

„Со анализа на динамиката на продажба, може да се заклучи дека постои голем интерес за сите ковани пари за колекционерски цели. Ова го потврдува и фактот што за продажба се останати минимални количини од само неколку видови, додека сите преостанати се распродадени непосредно по нивното пуштање во продажба“, велат од НБРМ за „Блумберг Адрија“.

Народната банка досега има издадено 9 единечни изданија и уште 45 различни видови поделени во шест серии на ковани пари за колекционерски цели, главно станува збор за хороскопски знаци и светци.

„Tие се изработени од благородни, неблагородни метали и разни легури, а се разликуваат од кованите пари во оптек по дизајнот, големината, бојата, формата и тежината. Во зависност од нивната изработка (особено материјалите за изработка и тежината), продажната цена се движи од 1.500,00 до 49.000,00 денари“, велат од НБРМ.

Законот за пригодни и ковани пари предвидува дека тие што не се продадени може да се претопат во монетарно злато пет години по нивното издавање.

Сите новости од рубриката Бизнис

Бизнис

Голем раст на продажбата на „Тему“ и на „Шејн“ пред оцаринувањето на малите пакети во САД
Компании

Голем раст на продажбата на „Тему“ и на „Шејн“ пред оцаринувањето на малите пакети во САД

„Тему“ и „Шејн“ забележаа раст на нивната продажба во март и април во САД бидејќи купувачите складираат резерви од секакви производи пред новите царини за мали пратки.

16.04.2025

сите новости од рубриката Бизнис

Регистрирајте се за да продолжите со читање. Регистрирајте се

Продолжете со читање со одбирање на една од опциите подолу

БЕСПЛАТЕН НАЛОГ

Прочитајте го овој и уште четири други текстови (не се однесува на премиум текстови)

Бесплатен билтен

Регистрирај се

Претплата

Неограничен пристап до премиум содржина на сите 5 портали

Неограничен пристап до ТВ и видео содржина

Ексклузивни приказни и анализи од Businessweek Adria

Истражете ги понудите

Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористивте еден бесплатен текст.

Го цениме вашиот интерес за веродостојни информации. Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Добијте неограничен пристап денес

Продолжете

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Вашите конкуренти веќе го знаат ова. Дали ќе останете тивки?

Приклучете се сега за само 11 € месечно!

Истражете ги понудите