Фудбал

Мохамед Салах и Вирџил Ван Дајк се договорија со Ливерпул

Мохамед Салах и Вирџил Ван Дајк се договорија со Ливерпул

Преговорите меѓу Мохамед Салах и Ливерпул се во завршна фаза и многу брзо Египќанецот ќе потпише нов договор со клубот, пренесува трансфер-експертот Фабрицио Романо.

„Не само што е подготвен новиот договор за Мо Салах, туку. Ливерпул исто така е уверен дека наскоро ќе постигне договор и со Вирџил ван Дијк, како што и се очекуваше.Се очекува Салах и ван Дијк да останат во клубот“, напиша Романо.

Ова значително ќе ги смири навивачите на тимот и менаџерот Арне Слот, кои во текот на целата сезона беа загрижени дали Салах, Ван Дајк и Трент Александер-Арнолд ќе останат на „Енфилд“.

To top