Валенсија значително си ги зголеми шансите за опстанок во шпанската елита откако „лилјаците“ врзаа две домашни победи во низа. Откако пред две седмици го совладаа Реал Сосиедад со 1-0, соиграчите на нашиот Столе Димитриевски попладнево беа подобар ривал и од Селта, триумфирајќи со минимални 2-1.
Риоха постигна важен гол за водство на Валенсија пред самиот крај на првото полувреме, но гостите успеаја да стигнат до израмнување со голот на Дуран. Домашниот тим сепак продолжи да напаѓа и таквиот пристап беше награден со победничкиот гол, дело на Гера Морено во 68. минута.
Димитриевски и овој натпревар го следеше од клупата како резерва за Мамардашвили, но се очекува македонскиот репрезентативец да биде стартер на следниот четвртфинален дуел од Копа дел реј, во кој Валенсија за противник ќе ја има Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА