Зголемена побарувачката за златни Rolex часовници, најбараниот модел вреди 43.800 евра

Од:

Побарувачката за користени златни Rolex часовници е зголемена, а меѓу нив најбаран модел е Day-Date 228238 во жолто злато, чија пазарна вредност е 43.800 евра, пишува Bloomberg.

Зголемувањето на побарувачката за златни часовници доаѓа откако благородниот метал достигна рекордни височини поради загриженоста за глобалната трговска војна откако американскиот претседател Доналд Трамп воведе реципрочни царини на десетици земји.

Швајцарија се соочува со царина од 32 отсто за извозот во САД, многу повисока од царината од 20 отсто на ЕУ, што може да ги принуди компаниите да ги зголемат цените.

Би можело да ве интересира

На скопскиот аеродром запленети часовници вредни 272 илјади денари

Спречен шверц на брендирани часовници: Возачот рекол дека се лекови за болно дете

A1on