• петок, 25 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Манасиевски: Се крие договор под маса меѓу Апасиев, извршителот и банката за купување на деловниот простор во строгиот Центар на Скопје за 721 евра м²

Манасиевски: Се крие договор под маса меѓу Апасиев, извршителот и банката за купување на деловниот простор во строгиот Центар на Скопје за 721 евра м²

4 април 2025

Апасиев да каже како купил деловен простор во строг Центар на Скопје за 721 евра м².

Пропаднатиот аскет во обид, Апасиев е целосно демаскиран. Тој на 26.11.2024 година преку Левица купил 409м² деловен простор во строгиот центар на Скопје, зад седиштето на компанијата А1, по цена и до три пати пониска од пазарната.

Левица на Апасиев за м² платила 721 евро, во услови кога м² не може да се купи под 2000 евра.

Дополнително, овој имот Левица го купува преку извршител, што значи истиот е одземен од некој граѓанин или од фирма.

Се поставува логичното прашање, како извршителот не можел да постигне цена на објект во строг центар на Скопје? Анимирал ли доволно потенцијални купувачи или целиот процес го водел многу тивко?

Дали се крие договор под маса помеѓу извршителот - Апасиев и доверителот?

Доверителот во овој случај е УНИ банка, со бугарски капитал.

Се поставува прашањето како банката дозволила и не анимирала свои клиенти за наддавањето? Особено кога се зема во предвид дека во банките се даваат кредити за слични објекти и станови на граѓани во градба кога м² се проценува и над 2000 евра? Која е економската логика на банката тука?

Дали зад ова купување се крие нешто повеќе и што? Ги повикуваме надлежните институции да истражат.

Линк од видео материјал

https://www.youtube.com/watch?v=QylWw-PEM2Q

https://we.tl/t-dsXKOVB4WT

 

Прес на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан