ЦивилМедиа на својата Фејсбук страница го постави ПРАШАЊЕТО НА ДЕНОТ: Што мислите за „распустот“ што си го даде Собранието?
Oд пораките и коментарите што пристигнаа од нашите читатели може да се заклучи дека граѓаните генерално не се задоволни од работата на Собранието. Одлуката за продолжување на уште една неработна недела тие ја толкуваат како бегање од одговорност, срамен чин и се поставува прашањето дали воопшто размислуваат да донираат за настраданите и семејствата на починатите во трагедијата во Кочани.
И досега одмараа па се истоштени од одмарање,затоа сега да се одморат од одморот.
Мислам дека наместо распуст треба да се самораспуштат.
Во други држави лекарите ни ги лечат посветено настраданите, а тие си фураат длабоко под дното!
Срамно!!!
Можеби се спремаат за колективна оставка (би требало).
Нека седат дома бар нема патни трошкови да земат, повеќе штета него ќар од нив.
Арам да им е.Барем до нова година да се на распуст, спас за народот, со минимална плата и без патни трошоци.
А колкав е износот на донација за настраданите што го дадоа народните платеници, оти од народните пари цицаат?Барем во висина на патните трошоци од Охрид, и Делчево да биде.Требаше итна седница, да видиме кој колку ќе вети и кој колку ќе лаже.Преморени се од пумпање дневници и патни трошкови !Добро е што го имаа, лошото е што ќе им заврши и ќе се вратат!Одлично решение нема да мора да одговараат на пратенички прашања во моментов а и онака се изморени.Бегање со соочување од одговорност.