Откако го имаше својот гламурозен настап на отворањето на Олимписките игри, Лејди Гага го нарече своето момче Мајкл Полански - мојот вереник.
Информацијата стана достапна за јавноста откако беше објавено видео на Тик Ток на кое пејачката се поздравува со францускиот премиер Габриел Атал и го претставува Полански како "my fiancé".
Гага и Мајкл за прв пат беа забележени заедно во 2020-та на новогодишна прослава во Вегас.
Полански е претприемач, технолошки инвеститор и филантроп како и неговата свршеница. Парот неколку пати заеднички донирал во разни добротворни цели.
Мајкл креираше и апликација за Born This Way Foundation, фондација на Гага којашто се грижи за менталното здравје.
Ова не е прв пат ѕвездата да биде нечија свршеница - Гага претходно беше верена со Кристијан Кариано, но се разделија по само две години врска.
Пејачката беше заедно и со актерот Тејлор Кини, но двојката ја раскина свршувачката во 2016.
Да се надеваме дека овој пат Лејди Гага конечно ќе "рипне во тавче."
Фото: Pinterest