Бен Афлек ослабен и со обелена коса по разводот – минува повеќе време со децата и бившата Џенифер Гарнер
- Детали
- недела, 02 февруари 2025
Бен Афлек деновиве беше забележан со синот и нивното ново куче на семејна прошетка низ соседството, а извори тврдат дека по разводот со Џеј Ло, тој е значително зближен со бившата Џенифер Гарнер, чиј дечко е љубоморен и се чувствува како „трето тркало“ во нивниот однос.
Откако официјално се разведоа Бен Афлек и Џеј Ло, тој поминува значително повеќе време со неговата бивша сопруга Џенифер Гарнер, но и со неговите три деца кои ги има со неа – Вајолет, Фин и Самуел.
Викендов, актерот беше забележан во соседството, на прошетка со неговиот син Самуел, кој возеше велосипед, додека го шетаа нивното ново чувар-куче.
Афлек изгледа прилично променето од деновите кога го гледавме со Џеј Ло, па сега е видно ослабен и со побелена коса, а изгледа дека е и многу поблизок со Гарнер.
Иако тие се трудат да имаат нормален однос заради децата, сепак има еден човек на кој не му е пријатна нивната блискост, а тоа е дечкото на Гарнер, Џон Милер.
„Милер знае дека Бен и Џен си се поддршка еден на друг повеќе од кога било, во последно време, и имаат близок однос. Нивното зближување станува претерано кога Бен ги проаѓа празниците како Божиќ со нив, а Џон се чувствува како трето тркало“ – изјавил извор за Page Six.
Наводно, тој не се плаши дека бившите партнери ќе се вратат на својата љубов, но истовремено, невозможно е понекогаш да не биде љубоморен во целата ситуација.
Повеќе нови фотки од Бен Афлек со синот викендов:
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





