Вести
Од недела заладување со дожд, снег и ветер
04.04.2025
Во недела ќе има брз продор на студена воздушна маса од север, кој ќе предизвика значителна промена на времето, соопшти УХМР.
Ќе преовладува претежно облачно време со врнежи од дожд, а на повисоките места од дожд и снег. На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка (10 до 15см). Ќе дува засилен северен ветер (над 70км/ч.) и температурите значително ќе опаднат.
Во понеделник со засилен северен ветер наместа повремено ќе провејува слаб снег. Потоа времето ќе биде стабилно и ветровито со утринските температури кои насекаде ќе бидат негативни.