ПРИ ПРЕТРЕС ВО ВОЗИЛО ПРОНАЈДЕН РАНЕЦ СО МАТЕРИЈАЛИ НА МВР: кривична за полициски службеник

Објавено во: Македонија 31 Март, 2025 20:58
По претходно добиени сознанија за сторено кривично дело „оддавање службена тајна“ по член 360 од Кривичниот законик, вчера од страна на полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во координација со ОЈО ГОКК спроведена е координирана полициска акција и реализирани се истражни дејствија за претрес на дом, возила и лица на подрачјето на СВР Велес.
Како што соопшти денеска МВР, при спроведувањето на полициската акција и преземените мерки и активности, на паркинг просторот пред хотел во Велес, во возило „бмв” затекнати се А.С., полициски службеник во Одделот за заштита на определени личности и објекти и Б.К., а при извршен претрес во возилото пронајден е ранец со службени материјали од МВР и од лицата се одземени мобилни телефони, по што се лишени од слобода.
- Во рамки на акцијата, дополнително се извршени претреси на повеќе локации, при што се пронајдени и одземени електронски уреди, службени документи и други предмети релевантни за истрагата. Исто така, од преземените мерки и активности во процесот на проверка, ОВККИПС констатира дека полицискиот службеник постапувал спротивно на законските и подзаконските акти на Министерството за внатрешни работи, со што истиот неовластено поседувал службени материјали, нивно откривање на трети лица надвор од Mинистерството, а со кои дејствија го извршил кривичното дело по член 360 од КЗ, се наведува во соопштението.
Од страна на ОВККИПС до ОЈО ГОКК, како што се наведува во соопштението од МВР, денеска ќе биде поднесена кривична пријава против А. С., за кривично дело „оддавање службена тајна“ по член 360 од Кривичниот законик.
Можеби ќе ве интересира
ЗЕМААТ ПЛАТА ОД 57 ДО 67 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ, АМА ЛАЖАТ ДЕКА НАМЕСТО ДРОГА ЗА ЗАТВОРЕНИК, БАРААТ СКАП ЧАСОВНИК - кој им поверувал на полицајците дека го однела кучката Цеца

30 ДЕНА ПРИТВОР ЗА АРИФИ И НЕГОВИОТ ПОСРЕДНИК - барал 100 илјади евра, а земал 20 илјади, сега заврши зад решетки

Петар Богојески стана директор, ќе управува со парите од „Еразмус“

ВМРО-ДПМНЕ: Шест лица од Кочани биле повикани на разговор во полиција

Муцунски прими на средба Македонци со забранет влез во Грција

ТРЕНДАФИЛОВ ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА ПРЕД ВЛАДА И ИСПРАТИ ПОРАКА: Одиме да прашаме до кога работниците ќе чекаат зголемување на плата!

Обвинителството предложи притвор, Арифи барал поткуп од 100.000 евра

Финансиска полиција „тресе“ фирма на човек близок со Оливер Спасовски

„КОЈ Е ОДГОВОРЕН ЗА ПОЖАРОТ ВО ПУЛС ВО КОЧАНИ“: СДСМ со прашања до власта
