Економија

ТРАМП ГИ ПРОШИРУВА ОБЛАСТИТЕ НА АЛЈАСКА ЗА ДОБИВАЊЕ НАФТА И ГАС

21.03.2025

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ќе ги прошири областите на Алјаска за дупчење нафта и гас и ќе ги укине ограничувањата за изградба на гасовод за ЛНГ и рударски пат во оваа американска држава, најави американскиот секретар за внатрешни работи Даг Бургум.

- Време е САД да го прифатат богатството на Алјаска и нејзините главно неискористени ресурси како пат кон просперитет за целата нација, рече Бургум.

Потенцијалното проширување на областите за дупчење во Алјаска одамна е контроверзна тема, а околу тоа се судрија претставници на бизнисот и еколозите, кои тврдат дека таквиот потег би ги загрозил заштитените растителни и животински видови, пишува Ројтерс.

Освен тоа, спорот има и политичка димензија, бидејќи претставниците на Демократската партија главно се залагаат за ограничување на дупчењето, додека американскиот претседател Доналд Трамп и неговата Републиканска партија сметаат дека зголемувањето на производството на нафта ќе го стимулира економскиот раст.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО