Менаџерот на Арсенал, Микел Артета беше пресреќен по победата над Реал Мадрид (3:0). „Топчиите“ го скршија шпанскиот гигант со двата гола на Деклан Рајс и ударот на Микел Мерино , доближувајќи ги до полуфиналето на Лигата на шампионите.
Артета истакна дека играта на неговиот тим била совршена, и е горд на оваа победа.
„Горд сум. Нашата игра беше совршена. Направивме се што ни требаше за да победиме. Никогаш досега не сум видел таква атмосфера на стадионот, а головите на Рајс беа вистинска магија. Тие го олицетворуваат нашиот целокупен настап”, изјави Артета.
„Бев убеден дека е можно да се победи. Уште пред натпреварот чувствував дека сме способни да му нанесеме големи проблеми на Реал Мадрид. Сепак, моравме да го извршиме нашиот план. А, за тоа беше важно да веруваме во себе и да излеземе со правилен став. Го направивме тоа, но тоа е само половина од битката”, изјави шпанскиот стручњак.
„Нема друга екипа против која мотивацијата е поголема. Реал е најуспешен клуб во Лигата на шампионите, со голема разлика. Сега ќе уживаме во победата, но знаеме дека во Мадрид ќе мора да играме уште подобро”, предупреди Артета.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА