• Иван Димовски

Кошаркарите на Денвер Нагетс со перфектна завршница го совладаа Далас Маверикс во Тексас со 101-112. Домашната екипа има за што да жали, бидејќи во третата четвртина имаше предност од 18 поени, меѓутоа во финишот дозволи целосен пресврт и претрпе двоцифрен пораз. Клеј Томпсон беше прво име на мечот со 25 поени, додека кај Денвер одново блеснаа Расел Вестбрук (21 поени, 10 скока) и Никола Јокиќ (19 поени, 18 скока).
- Денвер Нагетс - Далас Маверикс:
Одлична ноќ имаа Њујорк Никси, декласирајќи го Милвоки (140-106). Џејлен Брансон беше распукан и уфрли 44 поени, додека Карл Ентони Таунс го заврши мечот со 30 поени и 18 скока. Кај Бакси се истакна грчкиот центар Јанис Адетокумбо со 24 поени и 13 скока.
- Њујорк Никс - Милвоки Бакс:
На останатите терени Сакраменто слави во Чикаго, Бостон минимално го совлада Њу Орлеанс, Индијана се радува во Кливленд, Орландо беше подобар од Филаделфија, Оклахома го декласира Вашингтон, Феникс го победи Шарлот, а по продолжение минимален триумф забележа Јута над Бруклин.