Дерби дела мадонина: „Росонерите“ имаат шифра за миланскиот дуел

Интер стои подобро на табелата, сосптвеник е на „скудетото“ и без проблем се пласира во осминафиналето на Лигата на шампионите, ама проблеми му прави – Милан! Двете дербија во досегашниот тек на сезоната им припаднаа на Росонерите, поради што може да се смета дека разликата во квалитетот не е така голема како што многумина се подготвени да кажат во корист на Нераѕурите“.

Во првенствениот дуел Милан славеше минута пред крајот со голот на стоперот Матео Габиа (2:1), за неодамна во мечот вреден трофеј во Суперкупот, во втората средба со Серџо Консеисао на клупата со пресврт да го совлада градскиот ривал и од 1-2 стигна до победа од 3:2 со головите на Кристијан Пулишиќ и Теми Абрахам пред крајот на мечот во Ријад.

По тој натпревар Милан слави на половина од следните шест меча, додека Интер во истиот период е непоразен (пет победи и реми) и на тие дуели прими само три гола. Притоа доби четири меча во низа на кои не потроши многу енергија и делува посвежо, поодморено и поенергично.

Само што Росонерите имаат способност да се вратат кога никој од нив тоа не го очекува. И онака го сменија тренерот, ротираат играчи, далеку се од очекувањата на навивачите, а повторно се кандидат за пласман во Европа. Ќе им недостигаат овојпат Емерсон Ројал, Флоренци и Фофана, додека Интер не може да смета на Чалханоглу и Кореа.

Вака залетан Интер делива дека може да држи чекор со Наполи на врвот на табелата, ама за тоа му е потребно да го победи градскиот ривал. Последен пат тоа го направи во април минатата година кога славеше со головите на Ачерби и Турам.