МЈАНМАР УШТЕ СЕ ТРЕСЕ: Имало дури 81 земјотрес

Објавено во: Свет 05 Април, 2025 17:14
Во Мјанмар се регистрирани 81 последователен потрес, од кои најсилниот бил со јачина од 7.5 степени.
Од 28 март досега имало толку потреси, а најслабиот бил со јачина од 2.8 степени.
Бројот на загинатите се искачи на 3.354, додека 4.850 лица се повредени, а 220 се водат како исчезнати.
Осум дена по силниот земјотрес во Мјанмар, на голем дел од населението итно му е потребна помош. Но, таа очигледно се дистрибуира нееднакво од владејачката воена хунта.
Во 2021 година, војската ја собори избраната влада предводена од нобеловката Аунг Сан Су Чи. Во граѓанската војнa потоа над три милиони луѓе се раселени. Обезбедувањето на здравствена заштита се одвиваше тешко и пред земјотресот на 28 март.
foto EPA
Можеби ќе ве интересира
Папата Франциск денес ќе биде испратен во неговата последна резиденција

НА ВОЗАЧОТ МУ СЕ СЛОШИЛО: Автомобил влета во толпа во Италија, едно лице загина

ТРАМП ЗА ДОГОВОРОТ ЗА МИНЕРАЛИ: Доцнат најмалку три недели

ИМА САМО ЕДЕН УСЛОВ: Зеленски вели можно е да разговараат со Русија за територии

ЛИСТА НА НАЈСОНЧЕВИ ГРАДОВИ ВО ЕВРОПА: Eдна земја убедливо доминира

АСТРОЛОГ ТВРДЕЛ ДЕКА ЗЕМЈОТРЕС ЌЕ ГО ПОГОДИ СЕКОЈ ГРАД: Полицијата во Мјанмар го уапси

ТУРЦИТЕ ПОМИНАА УШТЕ ЕДНА НОЌ НА ОТВОРЕНО: При силен земјотрес можат да се урнат 600.000 згради

(ВИДЕО) ШТЕТИ НА ЈАВНИ ОБЈЕКТИ И ПРИВАТНИ КУЌИ: Силен земјотрес го погоди Еквадор

ЗАХАРОВА ЗА УБИСТВОТО НА РУСКИОТ ГЕНЕРАЛ: Има причини да се верува дека украинските специјални служби се вмешани
