Извршител ја продава Соравиа 22,4 милиони евра

Деловниот центар „Соравиа“ во центарот на Скопје се продава од извршител, по барање на доверител за долг од 930 илјади евра. Доверителот е „Прва инвестициска банка“ од Софија, Бугарија. Овој објект е во фокусот на јавноста по најавите дека во сопственичката структура на деловниот центар влегува внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети. Продажбата на недвижниот имот е  закажана за 24 април, а почетната вредност на објектот е околу 22,4 милиони евра.