Фудбал
Со плакати низ градот, македонско знаме, погледнете како Торино го претстави нашиот Елиф Елмас (ВИДЕО)

Елиф Елмас го стави потписот на договорот со италијанскиот тим Торино. Ќе го носи бројот 11 на дресот, а договорот е позајмица до крајот на сезоната и потоа можност за откуп за 18 милиони евра од Лајпциг. Ова е практично враќање на Елмас во Серија А, каде во дресот на Наполи се закити со титула. На интересен начин, со излепени плакати низ градот, Торино го презентираше новото засилување.
A grande richiesta, Back to Italy! 🇲🇰 pic.twitter.com/NbOj2DreNL
— Torino Football Club (@TorinoFC_1906) January 30, 2025