Научник го тестираше правилото од 5 секунди: Дали е безбедно да се јаде храна падната на под?
Микробиологот Николас Ајчер од Чикаго реши да го тестира познатото „правило од 5 секунди“ – идејата дека ако ја кренеш храната брзо откако ќе падне на под, нема да се зарази.
За експериментот, Ајчер ставал петри-чинии на подот на различни временски интервали – од 0 секунди до 1 минута – па потоа ги инкубирал за да види колку бактерии ќе пораснат.
Резултатите? Сите примероци покажале бактериски раст – дури и оној што бил само моментално во контакт со подот (0 секунди). Интересно, чинијата оставена 1 минута имала исто количество бактерии како онаа од 5 секунди, што покажува дека времето не прави голема разлика – храната се контаминира веднаш.
Некои гледачи беа згрозени, други се шегуваа дека бактериите даваат „екстра вкус“, а трети – и покрај наодите – си останаа верни на 5-секундното правило.
Коментирај анонимно