Таравари: Сто пациенти сеуште се лекуваат, тројца се во критична состојба

Сподели

Министерот за здравство Арбен Таравари на денешната пред-конференција изјави дека од вкупно 193 повредени во пожарот во Кочани, моментално на болничко лекување се уште 100 пациенти. Од нив, 20 се хоспитализирани во Македонија, додека, пак, 80 се лекуваат во странски болници.

Тројцата пациенти кои се во критична состојба и натаму се во тешка состојба.

„Цело време се критични. Едниот пациент кој беше критичен сега е многу подобар и веќе бројката на критични пациенти се намалува на три. Но тоа не значи дека така ќе продолжи. Кај некои пациенти, за жал, има флуктуација во нивната здравствена состојба“, изјави Таравари.

Во текот на денешниот ден, двајца пациенти ќе бидат вратени на домашно лекување од Полска и од Белгија.

– Најава имаме за враќање на повеќе пациенти до крајот на неделата. Ги очекуваме полесните пациенти да се вратат, тие што се рехабилитирани комплетно – додаде Таравари.