logo
logo
logo

Русија: Ги поддржуваме преговорите на САД и Иран за нуклеарен договор

Vecer | 08.04.2025

Русија: Ги поддржуваме преговорите на САД и Иран за нуклеарен договор

Изјавата дојде откако Долниот дом на рускиот парламент, Дума, денеска го ратификуваше сеопфатниот договор за стратешко партнерство со Иран за 20 години, со можност за продолжување за пет години, што вклучува зајакнување на воените и другите врски меѓу Москва и Техеран.

„Русија поддржува дипломатско и политичко решение“

Сепак, тоа не е договор за воен сојуз и Русија не е обврзана да дава воена помош, но договорот содржи одредби кои се однесуваат на развојот на воено-техничката соработка и воената интеракција. Документот предвидува проширување на сеопфатно партнерство во одбраната, контратероризмот, енергетиката, финансискиот сектор, транспортот, индустријата, науката и технологијата.

Претседателот Доналд Трамп вчера најави директни американско-ирански разговори за нуклеарната програма на Иран, иако иранскиот министер за надворешни работи рече дека разговорите ќе се одржат индиректно во Оман, преку посредници.

Портпаролот на Кремљ повтори дека Русија поддржува дипломатско и политичко решение за ќор-сокакот во кој се најдоа двете земји по ова прашање.

Трамп му се заканува на Иран

„Знаеме дека некои контакти, директни и индиректни, се планирани со САД во Оман. Ова, се разбира, е добредојдено, бидејќи може да резултира со деескалација на тензиите околу Иран“, рече Песков.

Трамп му се закани на Иран со воена акција доколку двете страни не постигнат договор.

Русија и Иран ги зајакнаа своите воени и дипломатски врски од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, а Русија има голема корист од иранските беспилотни летала кои ја напаѓаат воената и цивилната инфраструктура во Украина.

Стратешкото партнерство ратификувано денеска беше потпишано на 17 јануари од претседателите Владимир Путин и Масуд Пезешкијан.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk