Connect with us

Продукти

Халкбанк АД Скопје – Лидер во поддршка на женското претприемништво

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје веќе една ипол година гради успешна приказна за поддршка на женското претприемништво, промовирајќи ја истовремено својата заложба за рамноправност и финансиска слобода на жените.

Преку внимателно креиран Пакет за жени кој е дизајниран да одговори на различните потреби на микро, малите и средните претпријатија каде сопственици или менаџери се жени, со реализирана кредитна линија од 10 милиони евра, банката веќе им овозможи успешен бизнис на повеќе од 300 клиентки во земјата.

Пакетот за жени нуди низа погодности како можност за добивање финансиски средства за основни и обртни средства во висина до 500.000 евра, со фиксна и варијабилна каматна стапка во зависност од намената на средствата. Пакетот обезбедува и низа други бенефиции како бесплатно водење на сметката, пониски провизии за денарски платен промет и за плаќање налози преку е-банкинг, без месечен трошок за електронско банкарство. Тој исто така вклучува и бизнис Мастеркард дебитна картичка без надоместок за издавање и намален трошок за годишна членарина за Мастеркард кредитна картичка, зголемени каматни стапки за депозити за правни лица, како и еднократен попуст за каско, домаќинско и патничко осигурување издадено од Халк Осигурување.

Покрај финансиските услуги, Халкбанк преку платформата за зајакнување на финансиската слобода на жените, реализира и низа настани, кампањи и поддршки. Почнувајќи од хуманитарните акции поврзани со продажба на „Фустаните со џебови“, преку пласирање на кампањите за финансирање на женските бизниси, па се до низата настани наменети за вмрежување и овозможување на меѓусебна поддршка на жените, Халкбанк заедно со својот партнер Мастеркард ја подигнаа на повисоко ниво свеста и перцепцијата за финансиската моќ и слободата на жените во земјата.

Оваа платформа денес е повеќе од финансиска поддршка – таа е инспирација за „Силни, храбри и независни приказни“ која продолжува да се развива и унапредува согласно потребите од задоволните и потенцијални клиентки.

Банки

За еден миг со НЛБ мКлик, од сега целосно дигитално, до нова кредитна картичка и зголемување на кредитен лимит

Објавено

на

НЛБ Банка воведува две нови функционалности преку својата мКлик мобилна апликација, правејќи ја мКлик апликацијата вистинска „банка на дланка“ и овозможувајќи продуктите кои досега се пласираа единствено на традиционален начин да бидат достапни до клиентите и преку дигиталните канали на Банката.

Веќе од денес, корисниците на мобилното банкарство на НЛБ Банка можат да аплицираат за кредитна картичка, како и за зголемување на кредитен лимит на постоечка картичка, едноставно преку својата мКлик мобилна апликација. Онлајн аплицирањето овозможува лесен и брз пристап до финансиски средства, без потреба од физичка посета на експозитура, освен кога клиентот треба да ја подигне новата картичка и ПИН кодот за нејзино користење, во експозитурата која тој самиот ќе ја избере. Во процесот за зголемување на лимит на кредитна картичка, клиентот го има на располагање новиот лимит веднаш по завршување на процесот.

„Ние будно ги следиме преференците на клиентите согледувајќи ја нивната сè поголема потреба да управуваат со своите финансии дигитално и со само неколку допири на својот телефон или компјутер. По неодамна воведеното електронско потпишување на кредитна документација, онлајн ажурирањето на лични податоци и низа други дигитални услуги на Банката, со оваа надградба, продолжуваме да ги носиме традиционалните банкарски услуги од експозитурите во рацете на нашите клиенти, овозможувајќи им супериорно искуство и високо ниво на безбедност.“ – истакнуваат од НЛБ Банка.

За да можат да аплицираат онлајн за кредитна картичка и/или зголемување на кредитниот лимит на постоечка картичка, клиентите треба да користат еден од мКлик пакетите со привилегија на плаќање, валиден документ за лична идентификација евидентиран во системите на Банката, активна платежна сметка и средства на истата за наплата на апликативен трошок.

Трошокот за онлајн аплицирање за кредитна картичка и/или зголемување на кредитниот лимит на постоечка картичка е ист како и во експозитурите, а сите нови апликации преку мКлик каналот, почнувајќи од денеска и во наредните три месеци, промотивно се достапни без надоместок.

Клиентите можат да ја ажурираат или преземаат мКлик мобилната апликација бесплатно од платформите PlayStore или AppStore, во зависност од оперативниот систем на корисничкиот уред. мКлик нуди едноставен пристап до сите банкарски податоците, проверка на состојба и промет на сите сметки, овозможува и вршење на интерни трансакции, плаќање на режиски трошоци и останати плаќања кон физички и правни лица, плаќање на пријател, аплицирање за кредит како и низа други придобивки. Преку неа, корисниците можат да бидат во контакт со Банката во кое било време, без разлика каде се наоѓаат – дома, на работа или во движење.

Продолжи со читање

Продукти

ПРОМО Депозит од Халкбанк – Вашиот план за сигурна иднина!

Објавено

на

Халкбанк го најавува својот ПРОМО Депозит, идеален за сите кои сакаат сигурност и стабилен принос на своите средства. Овој депозит нуди фиксна каматна стапка од 3,4% на штедење во денари на рок од 13 месеци, што го прави одличен избор за сите кои сакаат да обезбедат раст на своите финансии во следниот период.

Со гарантиран принос и достапност во сите филијали на Халкбанк, ПРОМО Депозитот е совршен начин за долгорочно планирање на финансиската стабилност. Минималниот износ на вложување е 30.000 МКД или 500 ЕУР, што го прави овој депозит достапен за широк круг на штедачи.

Исплатата на каматата може да се врши месечно или по крајот на периодот на орочување, во зависност од вашите преференции. По истекот на рокот на орочување, депозитот автоматски се реорочува, а каматната стапка ќе биде одредена според актуелната понуда на Банката.

Важно е да се напомене дека делумно повлекување на средствата не е дозволено пред истекот на рокот на орочување, а не може да се вршат дополнителни уплати пред датумот на доспевање.

ПРОМО Депозитот е промотивен производ кој важи до 31.05.2025 година.

Безбедноста и профитабилноста на овој депозит го прават одличен избор за секој кој сака да обезбеди сигурна финансиска иднина.

Продолжи со читање

Банки

Триглав Oсигурување Живот и Халкбанк со нови атрактивни можности за осигурување на живот за корисници на станбен кредит

Објавено

на

Станбениот кредит е одлична можност за решавање на значајната животна потреба за сопствен дом, кој пропратен со осигурување на живот за корисникот на кредитот е вистинското решение за финансиската сигурност и стабилност на целото семејство.

Атрактивната комбинација на банкарски и осигурителни производи овозможува кредит со вклучена полиса за осигурување на живот за кредитобарателот, која има за цел да обезбеди финансиска сигурност за неговото семејство во услови кога тоа се задолжува со висок износ и на долг временски период полн со неизвесности.

Триглав Осигурување Живот во соработка со Халкбанк креираше нови продукти за осигурување за сите корисници на станбен кредит, кои обезбедуваат месечно плаќање на премијата вклучена во амортизациониот план на кредитот.

Со овој новитет корисниците на станбен кредит во Халкбанк добија можност да склучат полиса која им обезбедува сигурна отплата на кредитот од страна на Триглав Осигурување Живот АД Скопје во случај на неочекуван немил настан (смрт) на кредитобарателот, при што полисата е вклучена и во амортизациониот план на кредитот.

“Овозможуваме уникатни производи креирани според потребите на клиентите кои се корисници на станбен кредит во Халкбанк. Тие имаат можност да изберат помеѓу три вида продукти за осигурување, кои им овозможуваат премијата да ја плаќаат месечно заедно со ануитетот за кредитот се до отплата на станбениот кредит, а им обезбедуваат и осигурување во случај на смрт од болест или незгода. Со ова на корисниците на станбен кредит им понудивме навистина квалитетна и максимално корисна понуда за осигурување при долгорочно кредитирање”, велат од Триглав Осигурување Живот АД Скопје.

Полисата за осигурување на живот на корисник на кредит е полиса со осигурена сума која го следи амортизациониот план на кредитот, а има за цел да обезбеди отплата на кредитот од страна на Триглав Осигурување Живот АД Скопје во случај на ненадеен немил настан (смрт) на кредитобарателот. Оваа полиса има можност и за вклучување две осигурени лица на една полиса, со што обезбедува отплата на кредитот во случај на неочекувана смрт на кој било од двајцата осигуреници.

За уште поголеми бенефити за клиентите, Халкбанк за корисниците на станбен кредит нуди и осигурителни полиси вклучени во амортизациониот план на кредитот, кои имаат и штедна компонента. Полисата за Ризико осигурување со 30% поврат на премија и Полисата за Осигурување на живот со штедење со двојна осигурена сума во случај на смрт се со фиксна осигурена сума во случај на неочекувана смрт за цело времетраење на осигурувањето, која е во висина на износот на станбениот кредит. Овие полиси примарно гарантираат отплата на кредитот во случај на неочекуван немил настан (смрт) на кредитобарателот, а можниот вишок на средства се исплаќа кон корисникот кој го одредил самиот кредитобарател, со што се обезбедува и дополнителна финансиска сигурност за најблиските. Штедната компонента, пак, гарантира поврат на вложените средства при доживеан истек на осигурувањето.

Со оваа заедничка понуда на Триглав Осигурување Живот и Халкбанк корисниците на станбен кредит добиваат ефикасно и персонализирано финансиско решение за остварување на една од најголемите животни желби без финансиски грижи и потешкотии.

За дополнителни информации за понудата, како и за да ви помогнеме да изберете најдобро решение за вашата финансиска сигурност, посетете ја најблиската филијала на Халкбанк АД Скопје.

Продолжи со читање

Популарно