• Горан Упале
На денешен ден беше постигнат веројатно најлудиот и најбизарниот автогол во историјата на фудбалот. На шести април 2002 година се одигра лигашки натпревар помеѓу Енерџи Котбус и Борусија Менхенгладбах. Котбус имаше предност од 3-2, а потоа во 85. минута од натпреварот, легендарниот голман на Босна и Херцеговина, Томислав Пиплица се погрижи засекогаш да стане дел од фудбалската носталгија.
„Бев сигурен дека топката ќе помине преку гредата. Сепак, ветрот си го направи своето и топката ми падна на главата и заврши во голот. Бев изненаден“, своевремено изјави Пиплица.
Марсел Витечек шутираше, топката удри во еден од играчите и топката се спушташе право во рацете на Пиплица. Сите очекуваа дека ќе ја фати и ќе започне нов напад за својот тим.
Но, се случи нешто што никој кој го гледаше овој натпревар не го очекуваше. Пиплица беше скаменет на линијата, остана без реакција и топката го удри во глава и заврши во мрежата за конечни 3-3.