
Платформата „Пријави онлајн насилство“ (Report Hate) е нова алатка достапна за младите во Македонија, која овозможува анонимно пријавување на врсничко насилство и говор на омраза. Проектот, кој ги опфаќа младите на возраст од 14 до 27 години, се спроведува во шест држави: Македонија, Германија, Шпанија, Хрватска, Португалија и Израел. Во Македонија, застапник на проектот е Youth on Board.
Целта на проектот е да ги поттикне младите да реагираат и да пријават ситуации на насилство и дискриминација со кои се соочуваат во училиштата, на интернет или во секојдневниот живот. Сите пријави се анонимни и се обработуваат од специјализиран ИТ тим, кој ги анализира и ги проследува податоците до базата на Европската комисија за следење и истражување на трендовите на насилство меѓу младите.
Пријавувањето се врши онлајн преку платформата: https://dev.report-hate.org/mk/
Со овој проект, младите добиваат можност безбедно и лесно да пријават насилство, со што директно придонесуваат за создавање на подобро и побезбедно општество.