АктуелноОхрид

Соопштение по повод именденот на Епископот Антаниски г. Партениј

П

разнувајќи го споменот на нашиот Отец меѓу Светиите Партениј Лампсакиски Чудотворец, како и по повод именденот на нашиот почитуван старец и игумен, Неговото Преосвештенство Епископот Антаниски г. Партениј, Свештената Бигорска Обител Ве поканува сите заедно да го прославиме овој светол спомен.

– среда, 19 февруари 2025 –

❈ 

Во 18:00 часот ќе се отслужи празнична Вечерна архиерејска богослужба.

По Вечерната богослужба, во чест на именденот на нашиот Старец, Епископот Антаниски г. Партениј предвидено е соборно дружење и послужение во свечениот манастирски синодикон.

 

 

– четврток, 20 февруари 2025 –

Во 06:30 часот Утрената богослужба.

❈ 08:45 часот почетокот на Светата архиерејска Златоустова Литургија.

Благослов да присуствуваат имаат сите коишто сакаат да го прослават споменот на Свети Партениј Лампсакиски, заедно со нашето монашко братство и сестринство. За многу години!

Бигорски манастир