Боречки зафат и хаос: Борба на два „џина“ на НБА меч (ВИДЕО)

Кошаркарите на Хјустон Рокетс славеа на домашниот меч против Феникс Санс (111-104) во НБА лигата. 

Овој натпревар го одбележа боречкиот меч на двата „џина“ Мејсон Пламли и Стивен Адамс. Двометрашите по еден дуел имаа што да си кажат еден на друг, а потоа Пламли му направи зафат на Адамс и го фрли на подот. 

Соиграчите едвај ги разделија во овој дуел, а двајцата си заработија исклучувања. Публиката во Хјустон со овации го испрати Адамс по овој дуел.