0
Невиден, срамен дебакл на бугарскиот тенисер Григор Димитров во 1/4 финалето од АТП Мастерсот во Монте Карло. Имено Алекс Де Минор за само 44 минути го реши бугарскиот тенисер за конечни 2:0 во сетови или по гемови 6:0 и 6:0. Срамот е уште поголем поради тоа што Димитров не успеа да освои ниту еден гем.
Победата на Де Минор и не е изненадување, но затоа сензација е начинот на кој што победи или ако сакате начинот на кој што Димитров беше поразен.
Ова е неславна елиминиција на бугарскиот тенисер на турнирот во Монте Карло.