Екипата на ГРК Охрид ја оправда фаворитската улога и запиша висока победа над Радовиш (35-17) во рамки на македонската ракометна Суперлига. Тимот на Борис Ројевиќ имаше полесен тренинг против ривалот, затоа што во ниту еден момент радовишани не беа компетитивни во градот крај езерото. Разликата меѓу двата тима беше евидентна од првата па се до последната минута. Гостинот беше близу до домаќинот во СЦ „Билјанини Извори“ само во првите петнаесет ...

Ракометарите на Вардар имаат само еден вид полесен тренинг во Суперлигата на Македонија, триумфирајќи на домашен терен против Прилеп со убедливи 39-22. Уште во првото полувреме беше јасно кој е кој на дуелот, па „црвено-црните“ на паузата заминаа со предност од 19-9. Во вториот дел само рутински се зголемуваше предноста на крај за конечни 39-22. По оваа победа Вардар се зацврсти на табелата со 14 бода, пред Алкалоид со 10 бода, и Пелистер, Охрид ...