ИДФ тврди дека елиминирала околу 20 терористи во Појасот Газа

5. 03. 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ИДФ тврди дека елиминирала околу 20 терористи во Појасот Газа

- За време на операциите во западниот дел на Кан Јунис, кои траат со недели, уапсени се десетици терористи на Хамас и Исламски џихад кои се криеја меѓу цивилното население и се обидоа да побегнат од областа, објави ИДФ на Телеграм.

Војната во Појасот Газа беше иницирана од нападот на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври, при што загинаа 1.200 луѓе, а беа 250 лица. Израел возврати на нападот со цел да го уништи Хамас и да ги врати заложниците.

Според здравствените власти под контрола на Хамас, досега се убиени 30.534 Палестинци, меѓу кои се цивили и борци. /МИА

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата