Македонија

ЕБОР и Македонската берза со план како да го поттикнат пазарот на капитал

Автор: Bloomberg Adria

28 март 2025, 10:03

ЕБОР и Македонската берза потпишаа меморандум на разбирање

Во документот се воспоставува рамка за соработка за поттикнување на пазарот на капитал

ЕБОР и Македонската берза со план како да го поттикнат пазарот на капитал

ЕБОР

Bloomberg Adria

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Македонската берза се согласија да соработуваат во поттикнување на работењето на локалниот пазар на капитал.

Во тој контекст беше потпишан меморандум на разбирање помеѓу главниот извршен директор на Македонската берза, Иван Штериев, и претставникот на ЕБОР за Македонија, Фатих Туркменоглу, со кој, како што посочуваат од ЕБОР, се создава силна основа за соработка помеѓу двете страни, во насока на зајакнување на локалниот пазар на капитал. 

„Преку издигнување на свеста за финансирањето преку пазарот на капитал, се работи на привлекување повеќе приватни компании да се финансираат преку јавна понуда на акции или да издадат обврзници. Крајната цел е оваа иницијатива да придонесе кон раст на пазарот, зголемување на инвестициските можности и поддршка на подинамичен финансиски екосистем“, се наведува во соопштението.

Туркменоглу по потпишувањето изјави дека подлабока и подинамична бенефиција за пазарите на капитал е корисна не само за бизнисите туку и за инвеститорите и пошироко за економијата.

„Преку зголемување на свеста за котација на акции и корпоративни обврзници, создаваме нови можности за приватните компании, во однос на пристап до финансиите, нивен раст, но и придонесуваме кон економскиот развој“, посочи претставникот на ЕБОР во земјава.

Штериев, пак, нагласи дека берзите и пазарите на капитал го постигнуваат својот целосен потенцијал само доколку корпоративниот сектор може да го финансира својот развој и преку нив. 

Вашата претплата не може да се зачува. Ве молиме обидете се повторно.
Вашата претплата е успешна.

„Поради низа објективни и субјективни причини на домашниот пазар долго се чека на вистинско ИПО и нови котации на берзата. Со ЕБОР, како наш најголем долгогодишен поддржувач, споделуваме иста визија дека работите на овој план треба да се менуваат и со потпишувањето на овој меморандум создаваме стратегиска рамка за идна конкретна поддршка на македонските компании што финансирањето на својот развој го планираат преку пазарот на капитал“, изјави извршниот директор на Македонската берза.

Европската банка за обнова и развој се стреми кон поддршка на малите и средните претпријатија, во насока на проширување на базата на оние што привлекуваат нов акционерски капитал и издаваат обврзници на пазарот.

ЕБОР од почетокот на работењето во земјава има инвестирано повеќе од 2,9 милијарди евра во 197 проекти во Македонија.

Сите новости од рубриката Економија

Годишнина од војната во Украина: Колку е отпорна „силно прегреаната“ руска економија?
Свет

Годишнина од војната во Украина: Колку е отпорна „силно прегреаната“ руска економија?

„Има многу аларми и голем број симптоми што укажуваат дека не е далеку сериозна криза за руската економија“, вели Денис Манцевич, експерт за руската економија.

24.02.2025

Автор: Mihael Šmirmaul

Економија

Неизвесноста проблем, но и можност – пет вести на денот
Билтен

Неизвесноста проблем, но и можност – пет вести на денот

Анализиравме како македонските компании гледаат на новата реалност и дали има опасност по македонската економија доколку Трамп повторно ја разгори трговската војна по тримесечниот мораториум.

14.04.2025

Автор: Владимир Николоски

сите новости од рубриката Економија

Регистрирајте се за да продолжите со читање. Регистрирајте се

Продолжете со читање со одбирање на една од опциите подолу

БЕСПЛАТЕН НАЛОГ

Прочитајте го овој и уште четири други текстови (не се однесува на премиум текстови)

Бесплатен билтен

Регистрирај се

Претплата

Неограничен пристап до премиум содржина на сите 5 портали

Неограничен пристап до ТВ и видео содржина

Ексклузивни приказни и анализи од Businessweek Adria

Истражете ги понудите

Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористивте еден бесплатен текст.

Го цениме вашиот интерес за веродостојни информации. Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Добијте неограничен пристап денес

Продолжете

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Вашите конкуренти веќе го знаат ова. Дали ќе останете тивки?

Приклучете се сега за само 11 € месечно!

Истражете ги понудите