Press "Enter" to skip to content

Понеделник прогласување на најдобрите спортисти и екипи на Битола за 2024 година, 61. по ред

-Гости на годинашниот избор на спортист на Битола ќе бидат поранешниот тренер на РК Пелистер -Анте Костелиќ, неговиот син Ивица Костелиќ и спортскиот новинар и коментатор Зоран Михајлов.

Денес во бар “Манаки“ прес конференција одржа Сојуз на спортови на Битола, по повод големиот јубиле, 60 години традиција на Битола во прогласување на најдобрите спортисти и екипи на Битола.

По тој повод претседателот на Сојузот на спортови на Битола, Сашко Павловски рече:

-Нам како сегашно раководство на Сојузот на спортови на Битола ни е посебно мило што по 61. пат ќе го извршиме прогласувањето на најдобрите спортисти и екипи за изминатата календарска 2024 година. Пристигнаа голем број на пријави, морам да напоменам дека тоа се пријави од клубови кои се членки на Сојузот на спортови и тоа во сите категории. Според пријавите и според Статутот и правилникот на Сојузот на спортови ќе прогласиме најдобри десет поединци и три екипи в0 сениорска конкуренција, и додаде:

-Ова година има двајца гости кои дале придонес за развој на спортот во Битола, а тоа се Анте Костелиќ кој ќе допатува од Загреб, Хрватска, и еден од тренерите на ракометниот клуб Пелистер и спортскиот новинар Зоран Михајлов, кој е битолчанец и ќе не потсети на некои незаборавни спортски настани во Битола.

-Секако и овој пат ќе доделиме и награди за нашите млади спортисти, идни носители на спортот во напиот град. Тука се и признанијата за професорите по физичко воспитување, наградите за екипните победници на ноќната трка, која исто така ние како Сојуз ја оганизираме. Ќе ги наградиме со посебни признанија и сите кои направиле вредни достигнувања во спортот надвор од предвидените системски натпревари, а кои дале продонес во развојот на спортот и промоција на Битола, вели Павловски.

За  техничката организација Павловски додаде:

-Свеченото прогласување ќе се одржи понеделник со почеток во 19 часот во Народниот театар во Битола. Целата манифестација е поддржана и е во соработка со Општина Битола, градоначалникот Тони Коњановски, Советот на Општина Битола и Комисијата за спорт при Советот.

И оваа година како и претходните снимателите Александар Котевски и Димитар Колонџовски и видео монтажерот Гоце Веселиновски подготвуваат преубаво сработени, кратки, видео презентација и промоција за најдобрите спортисти и екипи, како и на ветераните кои дале голем придонес во развојот на спортот во Битола, како мало оддолжување за нивниот спортски влог. 

С.Р.