• Иван Димовски

Фудбалерите на Силекс ќе се обидат да се вратат во победнички колосек во ПМФЛ по испуштената победа над Вардар минатиот викенд. В сабота кратовчани ќе се судрат со Брера во Струмица, ривал кој исто така се бори за опстанок.
Во пресрет на натпреварот своите очекувања ги изнесе Ѓорѓе Џеков, кој кажа:
„Секогаш кога играм го давам максимумот за Силекс, а задоволен сум од своите настапи. Убаво е што настапувам со мојот брат, ние сме си взаемна поддршка. Во претходното коло испуштивме победа над Вардар, примивме гол во последните неколку секунди и игравме со човек помалку цело второ полувреме. Се држевме добро како екипа и покажавме дека можеме да играме со секој ривал. Тој натпревар е веќе минато, сега сме фокусирани на Брера.
Тоа е мој поранешен клуб каде што почнав како фудбалер, секако дека е мотивација да се игра против Брера. Моите очекувања се позитивни, имаме добра атмосфера, добри играчи и се надеваме дека ќе се вратиме од Кратово со три бода“.
Средбата во Струмица се игра в сабота во терминот од 15:00 часот, во исто време има уште четири прволигашки натпревари.